“Во оваа година, кон стопанството, во форма на директна државна помош, од страна на буџетот, преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ се исплатени 19,5 милиони евра, преку инструментите на ФИТР исплатени се вкупно 16 милиони евра, додека за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции исплатени се 13 милиони евра. Вкупно преку овие мерки за поддршка, само во 2021 година, македонското стопанство е подржано со 48,5 милиони евра”, информираше вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешната прес конференција, додавајќи дека следната година се планира државната поддршка за компаниите да биде за 30% поголема.

Преку овој Закон во изминатите четири години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 353 компании.
“Оваа година пристигнаа барања за исплати од 225 компании, пришто е исплатена поддршка од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра.  
Овие компании, само во 2020 година, која да не заборавиме е пандемиска година, имаат реализирано инвестиции од над 70 милиони евра. И во оваа, како и во претходната година, кон компаниите државната помош ќе биде исплатена 100%”, потенцира Битиќи.

Тој информираше дека претходно годинава се направени измени во Законот, со кои, преку воведените афирмативни мерки, компаниите добиваат дополнителен стимул за рамномерен регионален развој, односно, поголем процент на поддршка добиваат оние компании кои имаат инвестирано во помалку развиените плански региони.

Согласно овие измени, само за рамномерен регионален развој, оваа година компаниите ќе добијат поддршка во вкупен износ од 91,6 милиони денари, односно 1,5 милиони евра што изнесува 11,5 % од вкупната исплатена поддршка.
  
“Сите овие горенаведени форми на поддршка се уште еден силен доказ дека оваа Влада, како ниедна претходна, е посветена за поддршка на стопанството во насока на рамномерен регионален и забрзан технолошки развој, внесување на иновации и дигитализирање на процесите, што придонесува за поголема продуктивност и конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународните пазари”, посочува Битиќи.

Целото обраќање на вицепремиерот Фатмир Битиќи може да го прочитате на следниот ЛИНК или да го проследите следново видео.

h