Брзи 15-минутни тестови за антитела може да бидат клучни за работниците да се вратат на работа

Tестовите што може да покажат дали поединците веќе стекнале имунитет на коронавирусот наскоро ќе бидат достапни низ САД, што би можело да биде клучен чекор за враќање на работниците на работа и повторно подигање на економијата.

Пандемијата со коронавирус делумно или целосно затвори работи низ целиот многу индустрии и работни места ширум светот како дел од мерките кои владите ги преземаа за да се спречи ширењето на COVID-19.
Многу компании кои беа затворени почнаа да ги отпуштаат работниците.

Нема експерт кој може во овој момент со сигурност да предвиди уште колку време ќе траат мерките за социјално дистанцирање, но од Америка доаѓа вест дека тестот за антитела може да биде клучен за подобрување на состојбата во економијата.

Според пишувањата на Business Insider, тестот со антитела може во рок од 15 минути да открие дали некое лице се опоравило од коронавирус. Ова може да го подели светот на два дела: оние кои се опоравени и оние кои сè уште се ранливи и можат да заразат. Овие тестови им даваат можност на оние од првата група да се вратат на работа бидејќи се имуни од повторна инфекција.

Бидејќи експертите предупредуваат на голем број асимптоматски случаи, тестот за антитела може да биде сигурен и поевтин начин да се направи разлика кој е имун на коронавирус и кој сè уште може да заболи од вирусот.

Доколку оние кои имаат имунитет би можеле да се вратат на работа без ризик повторно да бидат заразени, животот полека би можел да започне да се враќа во „нормала“, што донекаде ќе го ублажи ударот во економијата.

Здравствените власти во Велика Британија исто така најавија дека планираат да издадат „имунитетни пасоши“ со кои луѓето кои имаат антитела на корона вирусот ќе можат да ја напуштат изолацијата порано и да се вратат на своите работни места.

За тестот, кој ќе може да се прави и во домашни услови, ќе бидат потребни само неколку капки крв и 15-минутно чекање за да се открие дали некој има антитела на коронавирус. Ако има антитела, тогаш ќе може да се потврди со сигурност дека е имун на коронавирус.

Приборот за тестирање вклучува игла, 3-инчен шишенце за мешање и дел за читање. Стотици илјади тест комплети веќе се достапни во САД, објави американската компанија Henry Schein, а значителни количини ќе се произведуваат во текот на месецот.
Откако комплетите за тестирање ќе станат широко достапни, тие ќе можат да одговорат на некои од најважните прашања – кои можат да ја напуштат изолацијата и да се вратат во „нормален живот“.
Тоа може да донесе трошка надеж за економиите ширум светот.