Како резултат на зголемените потреби на компаниите, Романија минатата 2019 година година им одобрила престој и работна дозвола на повеќе од 23.000 лица со жителство надвор од Европската унија, објавува Romania Insider. Повеќето од нив биле со жителство од Виетнам, Турција, Непал и Кина, покажуваат податоците добиени Генералниот инспекторат за Имиграција (ИГИ).
Над 5.200 или 22% од вкупните работни дозволи за странски државјани во Романија се од Виетнам, над 2.800 лица се од Турција, а скоро 2.200 лица се од Непал.
Во 2019 година, Владата им овозможи на компаниите да донесат 30.000 работници од надвор од ЕУ, што е најголем број од 2014 година, и двојно повеќе во споредба со претходната година, како одговор на барањата на локалните компании кои се соочуваат со недостиг на работна сила.
Во текот на 2019 година, во Романија имало 97.000 слободни работни места што компаниите не биле во можност да ги пополнат, што е за 50% поголема бројка во споредба со 2018 година.