Парламентот во Бугарија прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава од 13 март до 13 април 2020 година. Одлуката беше донесена едногласно со 201 гласа “за”, објавува Investor.bg.
Бугарскиот парламент му нареди на министерскиот совет да ги презема сите неопходни мерки за спрпведување на вонредната состојба во врска со корона вирусот.
Според уставот на Бугарија при воведување на вонредна состојба предвидува привремено да може да бидат ограничени одредени права на граѓаните.
Одлуката на собранието се носи по барање на владата предводена од Бојко Борисов откако вчера бројот на заболени се зголеми за 16 и достигна вкупно 23 заболени од корона вирусот.
Пратенците беа лично запознаени со сотојбата од претседателот на Националниот штаб Венцислав Мутафчиски кој предупреди дека има грубо прекрушвање и непочитување на насоките за социјално изолирање.
„Беа дадени редица наредби за социално изолиране, но и покрај тоа има грубо нарушување на карантинот. За слични потаспувања во светот се преземаат многу драстични мерки. Израел објави затвор од 7 години, Грција 2 години затвор, Русија 3 години“, кажаа професорот Мутафчиски.
Премиерот Борисов цели дека тоа е нужно главно заради недисциплинираните луѓе, кои разнeсуваат зарази, за „тие кои ја нарушија забраната и смислено отидоа да се веселят и со тоа 14 лица се заразени за само еден ден, а не знаеме уште колку други ќе има”, изјави Борисов.
Тој уверува дека ќе се трудат да обезбедат чист транспортен коридор со земјите од Европската унија за да не дојде до дополнително влошување на економската ситуација во земјата.