Најголемата македонска винарница “Тиквеш” објави дека првите девет месеци работела со позитивен финансиски резултат и раст на продажбите.

Финансиските неконсолидирани извештаи на винарницата Тиквеш објавени на Македонската берза покажуваат дека во периодот јануари-септември 2022 година компанијата остварила вкупни приходи од продажба од 29,8 милиони евра, што е за 45% повеќе во споредба со истиот период лани.

Околу 57% од приходите од продажба во првите девет месеци годинава винарницата Тиквеш ги остварила од продажба на странски пазар. Податоците покажуваат дека од продажба на странски пазари “Тиквеш” остварил приходи во вредност од 16,8 милиони евра, кои се за 73% поголеми во споредба со истиот период од 2021 година.

Приходите од продажба на вино на домашниот пазар, пак, бележат раст од 19% и достигнуваат 12,9 милиони евра.

Трошоците на продадени производи бележат зголемување за 52%, достигнувајќи 19,3 милиони евра. Останатите трошоци  исто така бележат зголемување, административните за 36%, трошоците за продажба и маркетинг за 34%, останатите оперативни расходи за 47% и финансисите за 3%, што резултира со  оперативната добивка во износ од 1,5 милиони евра, која е поголема за 4% во однос на лани.
Нето добивката, пак, изнесувала околу еден милион евра и била за 5% поголема во споредба со истиот период лани.

Од Тиквеш информираат дека заклучно со третиот квартал од 2022 година се остварени вложувања во материјални средстваод 1,2 милиони евра.