Голдман Сакс предвидува дека европските цени на природниот гас ќе се намалат за околу 30% во наредните месеци

Холандскиот TTF e главниот репер во Европа за цените на природниот гас. Во вторникот гасот се тргуваше по околу 120 евра за мегават час. Но, Голдман Сакс очекува овој репер да падне на 85 евра за мегават час во првиот квартал од 2023 година, според анализата објавена минатата недела.

Ова ќе означи значителна променаво однос на ценовните нивоа видени уште во август. Во тоа време, руската неиспровоцирана инвазија на Украина и последователните притисоци врз енергетскиот микс во Европа ги доведоа цените на историски бројки од над 340 евра за мегават час.

Неодамнешното заладување во цените на гасотт произлезе од неколку фактори: складовите за гас во Европа се во основа полни за оваа зимска сезона; температурите оваа есен се поблаги од очекуваното, со што се одложи почетокот на периодот на поголема употреба на гас, а во истовреме има и голема понуда на течен природен гас (LNG).

И покрај оптимизмот за пониски цени на гасот во блиска иднина, што може да ублажи дел од кризата на трошоците за живот, има голем притисок врз европските лидери да обезбедат снабдување на среден рок.
„Нашиот тим предвидува дополнителен пад до 85 евра во првиот квартал, пред нагло да се зголеми во следното лето, бидејќи нивоата на складирање се обновуваат“, велат аналитичарите на Goldman Sachs во истражувачката белешка.
Нивните прогнози укажуваат на пораст на цените на нешто под 250 евра за мегават час до крајот на јули.

Цените на природниот гас се очекува да пораснат по првите три месеци од 2023 година поради неколку фактори.

Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергија, во петокот изјави за CNBC дека само многу мала количина на нов ЛНГ ќе се појави на пазарот следната година. „Ако кинеската економија забележи закрепнување, следната година увозот на ЛНГ на Кина, исто така, може да се зголеми заедно со увозот од Европа“, рече тој.

Кина беше најголемиот увозник на ЛНГ во светот во 2021 година. Сепак, поради нејзината строга ант Ковид политика кинеската економија мораше да се справи со голем број карантини што го нарушија растот. Секоја промена во овој политички пристап ќе ја зголеми побарувачката за ЛНГ и ќе ги зголеми цените и за европските купувачи.

Дополнително, складирањето на гас е помогнато од руските испораки што ЕУ се обидуваше да ги исклучи. Дури и Ксавиер Бетел, премиерот на Луксембург, земја на ЕУ, во октомври призна дека складиштето е полно со руски гас. Оттогаш, руските испораки беа сериозно нарушени и целта на Европа е целосно да се ослободи од руските фосилни горива.

Аналитичарите сепак се децидни дека треба да се очекува голема нестабилност и понатаму.
Извор: CNBC