Витаминка со раст на продажбите и нето добивката во првата половина годинава

10

Прехранбената компанија Витаминка објави дека во првите шест месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 18,9 милиони евра, кои се поголеми за 4% во споредба со истиот период лани.

Неревидираните финансиски извештаи објавени на Македонскаа берза покажуваат дека приходите од продажба на домашниот пазар, кои учествуваат со 62% во вкупните продажби, во првата половина годинава се зголемени за 10% и изнесуваат 11,7 милиони евра.

Извозот на странски пазари на Витаминка во првите шест месеци изнесува 7,1 милиони евра и е намале за 4%.

 Нето добивката на Витаминка во првите шест месеци е зголемена за 25% и изнесува 154 илјади евра.

Од Витаминка информираат дека во првите шест месеци годинава инвестирале 866 илјади евра.