На вчерашната седница Владата донесе одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Од Владата велат дека мерката е привремена и донесена поради сериозни нарушувања на домашниот пазар и почнувајќи од денеска, забраната ќе важи до 31 мај.

Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговијата, кој предвидува дека по предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни услови за увоз или извоз.

Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата 2021 година од Македонија било извезено масло од сончоглед во вредност од околу 7 милиони евра, додека увозот на сончогледово масло изнесувал близу 32 милиони евра.