Повеќе од сигурно е дека Германија, најголемата економија во Европа ќе падне во рецесија поради пандемијата, а владата на канцеларката Ангела Меркел најави мерки за поддршка и олеснување на влијанието врз работниците и компаниите вредни 750 милијарди евра милиони евра.
Мерките вклучуваат и купување на удели во приватни компании со цел да ги заштити од банкрот.
Министерот за финансии Олаф Шолц потенцира дека државата не сака да ги поседува уделите во компаниите подолго од потребното и дека овој начин на аквизиции и спасување на компаниите ќе биде ограничено само за најекстремни случаи.
„Кога ситуацијата ќе се нормализира, државата ќе ги продаде уделите во комапниите. Очекуваме дека економското закрепнување ќе биде толку силно што дел од нив ќе ги продадеме со профит и со тоа ќе ги покриеме загубите во другите области “, смета Олаф.
„Другата можност се издавање на корпоративни обврзници што фондовите можат да ги преземат за да обезбедат поддршка на компаниите и деловните активности“, додаде Шолц.
Долниот дом на германскиот парламент во средата усвои огромен стимулативен пакет од 750 милијарди евра, суспендирајќи ја и уставната одредба со која го ограничува задолжувањето.
Пакетот за помош на компаниите вклучува и 100 милијарди евра за посебен фонд кој ќе може директно да купува акции во компании, како и 100 милијарди евра кредити од државната развојна банката за развој KfW за компании погодени од епидемијата.