Европската комисија го одобри планот на Германија за државна помош во финансирање проектот за декарбонизација „tkH2Steel“ во вкупен износ од околу две милијарди евра. Со овој проект германскиот металуршки гигант ThyssenKrupp планира да го декарбонизира производство на челик.

Станува збор за пионерски проект кој е многу иновативен и кој од една страна, брзо ќе заштеди многу CO2, а од друга страна, „tkH2Steel“ ќе стане двигател на европската водородна економија.

Нашиот проект е важен придонес за постигнување на климатските цели во Германија и Европа и обезбедува одржливи индустриски работни места не само овде, туку и во сродните индустрии. На овој начин, можеме да покажеме и на меѓународно ниво дека напредокот, просперитетот и ублажувањето на климатските промени меѓусебно не се исклучуваат“, изјави Берхард Осбург, претседател на Управниот одбор на ThyssenKrupp.

Сопствената инвестиција на ThyssenKrupp  е нешто помалку од една милијарда. Од одобрената државна помош 550 милиони евра ќе одат кон сосема ново „зелено“ производство во Дуисбург. Останатите 1,45 милијарди евра ќе бидат инвестирани во првите 10 години од работењето на фабриката за да се поддржи доставата на хидроген како извоз на енергија за производство на челик.

ТhуѕѕеnКruрр е компанија со над 200 години историја. Тоа е најголемиот производител на челик во Германија и има околу 13.000 вработени во Дуисбург и Северна Рајна-Вестфалиа.

Металургијата е индустрија која генерира огромно количество на јаглерод диоксид. Во контекст на зголемувањето на цените на квотите и задолжителни инвестиции со еколошки критериуми и очекувањата за одржлив развој, модернизацијата на системите е задолжително за сите големи играчи во оваа индустрија.

Новата фабрика треба да почне со работа во 2026 година, а со зелено производство да запоне во 2029 година, а се планира да биде изградена од локална компанија.

За да го поддржи целиот синџир на големи, средни и мали комапнии од регионот, управата на Северна Рајна и Вестфалиа ќе инвестира рекордни 700 милиони евра во проектот за зелена транзиција на ТhуѕѕеnКruрр.

Извор: ТhуѕѕеnКruрр