Германија ќе потроши милијарди евра буџетски пари за државни субвенции на германските компании кои се високо енергетски зависни со цел да спречи банкрот како резултат на високите трошоци за енергенси.

Со државните субвенции, германската влада сака да избегне банкрот на компаниите кои трошат многу енергија.
Енергетските компании кои треба да се справат со екстремните поскапувања на природниот гас и електричната енергија од петок можат да аплицираат за државни субвенции во Германија.
Вчера Европската Комисијата даде зелено светло за планираната помош на федералната влада. Властите во Брисел објавија дека тие се неопходни, соодветни и пропорционални. Планиран е вкупен обем до пет милијарди евра.

Во заедничкото соопштение на министерствата за финансии и економија, беше кажано дека Федералната канцеларија за економија и контрола на извозот (Бафа) ќе биде надлежна за спроведување на истите. Во неспорни случаи, исплатата на првата рата на голем дел од финансираниот износ треба да биде возможна во рок од неколку недели. Парите треба да се слеат кај компаниите најдоцна до крајот на годинава.

Помошта се состои од грантови до 50 милиони евра по компанија. Ова треба барем делумно да ги ублажи екстремните оптоварувања на компаниите заради големото поскапување на струијата и гасот.
За да ја добијат помошта, компаниите мора да докажат дека нивниот гас и струја чинат повеќе од двојно во периодот од февруари до септември 2022 година во однос на 2021 година.
Оваа програма е наменета за хемиската индустрија, индустријата за стакло и керамикс, челичната и металната индустрија и други енергетско интензивни индустрии.

Компаниите кои добиваат помош не смеат да исплаќаат никакви бонуси во овој период.

Грантовите се дел од поголемиот пакет за помош што федералната влада го формираше како одговор на рускиот напад врз Украина, по кој цените на струјата и гасот вртоглаво пораснаа, а за оваа есен и зома се најавуваат и рестрикции во трошењето.

Со цел германските компании да останат ликвидни, тие исто така можат да аплицираат и за специјални заеми преку државната развојна банка KfW.

Извор: Handelsblatt