Кинеската државна компанија Cosco може да стекне удел од помалку од 25% во контејнерскиот терминал во пристаништето Хамбург.

Кинеската државна компанија Cosco може да стекне само удел од помалку до 25% во контејнерскиот терминал, а секое понатамошно стекнување над овој праг е забрането.

Cosco првично сакаше да стекне 35% од акциите.

Со оваа одлука Германија спречува кинеската државна компанија да се стекне со стратешкиот удел во пристаништето. Како причина за делумната забрана е постоењето на ризик за јавниот ред и безбедност. Прагот од 25% не може да се надмине ниту во иднина без нова процедура за проценка на инвестициите.

Исто така, германската Влада информираше дека на Cosco ќе му биде забрането, меѓу другото, да добие договорно право на вето во стратешките деловни или кадровски одлуки.

Министерот за економија Роберт Хабек предупредува на нови зависности.

Канцеларот Олаф Шолц, кој ќе ја посети Кина од 3 до 5 ноември, наводно го поддржал договорот според кој кинеската бродска компанија Cosco ќе добие удел во пристаништето Хамбург, додека шест министерства и најмалку две германски разузнавачки агенции силно се спротивставиja на можен договор.