Оливер Блуме, извршниот директор на Порше предупредува дека секојдневното работење на германскиот производител на луксузни автомобили може да биде погодено во текот на следните месеци од „многу сериозниот“ глобален недостиг на полупроводници.

„Темата за полупроводници е многу сериозна, бидејќи целата индустрија е засегната поради големата побарувачка на индустријата за потрошувачка електроника и побрзото враќање на автомобилскиот сектор“, изјави Блуме за емисијата „Squawk Box Europe“ на CNBS.

Неговите коментари доаѓаат по ненадејниот раст на глобалната продажба на автомобили кон крајот на минатата година, кoja се совпадна со недостаток на основни компоненти на чипови. Недостатокот во снабдувањето доведе до застој во производните линиите во автомобилската индустрија и го запре производството на над еден милион возила ширум светот.

Побарувачката за чипови или полупроводници се зголеми за време на пандемијата на коронавирус, кога се зголеми потрошувачката за конзолите за видео игри, лаптопи и телевизори.

Недостатокот на чипови го погоди особено автомобилскиот сектор, велат аналитичарите, поради ‘just-in-time синџирите на снабдување на кој оваа индустрија се потпира со децении во обид да зачува капиталот.

На прашањето дали Порше може да биде принуден да размислува за промена на овој модел на синџир на снабдување, Блум одговори: „Да. Тоа е многу важно за иднината, да размислуваме за синџирот на снабдување “.