Во првите три месеци годинава вредноста на извозот на производи врз база на жита и брашно достигна 22 милиони евра, што е зголемување за 24,8% во споредба со првите три месеци од 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Извезените количини изнесуваат 8 илјади тони и се поголеми за 3,7% во споредба со истиот период лани.
Најголем дел од извозот отпаѓа на кондиторските производи (1905) чиј извоз достигна вредност од 18,7%, што е за 24,9% повеќе од вредноста на извозот во 2022 година. Извезените количини од околу 7 илјади тони се за 3,4% поголеми од истиот период лани.
Најголеми извозни пазари за кондиторските во првиите три месеци годинава биле Косово со извоз вреден 3,3 милиони евра, Хрватска со извоз од 2,6 милиони евра, Србија со извоз од 2,2 милиони евра, Романија со извоз од 2 милиони евра, БиХ со извоз од 1,24 милиони евра, Германија со извоз од 1,22 милиони евра и Бугарија со извоз од 1 милиони евра. На останатите пазари би остварен извоз помал од 1 милион евра. Во првите три месеци извоз на кондиторски производи поголем од 100 илјади евра бил остварен на 26 извозни пазари низ целиот свет.