Албанија и Босна и Херцеговина Р.С.Македонија се најсиромашните земји во Европа, покажуваат податоците што ги објави Евростат.
Евростат објави податоци за „вистинската индивидуална потрошувачка“ (AIC), што е мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата.
Врз основа на првите прелиминарни проценки за 2019 година, пред земјите да започнат со воведување мерки за заштита од COVID-19, AIC по глава на жител изразена во „стандарди за куповна моќ“ (PPS) се движеше од 59% до 135% од европскиот просек на Европската унија.
Благосостојбата на домаќинствата на Западен Балкан е на многу пониско ниво. Вистинската индивидуална потрошувачка во Албанија е само 40% од просекот на ЕУ, во Босна и Херцеговина е 42%, додека во С.Македонија тој индикатор бил 43% од просекот.
Со други зборови, домаќинствата во овие три држави се најсиромашните во Европа.
Највисоко ниво во ЕУ е забележано во Луксембург, каде материјалната благосостојба на домаќинствата е 35% над просекот на ЕУ. Германија е 23% над просекот, а потоа следат Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Шведска и Франција.
Вториот критериум споменат во истиот извештај на Еуростат е Бруто домашниот производ по глава на жител (БДП по глава на жител) исто така изразен во PPS, што е главната мерка на економската активност.
Според овој критериум, Албанија е повторно во задниот дел со 31% од просекот на ЕУ, а БиХ со 32% од просекот, С.Македонија има 38%, Србија 41%, Црна Гора 50% и Хрватска 65% од просекот на ЕУ.
И по оваа мерка најбогати во Европа се жителите на Луксембург, а потоа следат Ирска, Данска, Холандија, Австрија, Германија…