ЕУ става плафон на цената на гасот од 275 евра/mWh, што е блиску до рекордната цена на гасот од август годинава, но според условите, не би се активирал ни тогаш.

Границата се смета за превисока и повторно наиде на критики меѓу државите. Се очекува тој да биде одобрен од министрите за енергетика во четврток.

По неколкумесечни внатрешни борби во блокот, Европската комисија предложи максималната цена на гасот да биде 275 евра за мегават-час, а оваа мерка ќе се применува од 1 јануари 2023 година и ќе важи една година, изјави еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон.
Комисијата се надева дека воведувањето максимална цена на гасот ќе им помогне на земјите-членки да ги намалат цените на енергијата за домаќинствата и бизнисите, кои достигнаа рекордно ниво оваа година по руската инвазија на Украина, што доведе до инфлација и повисоки трошоци за живот.

За овој предлог на 24 ноември ќе разговараат министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ, а оваа идеја во претходниот период веќе доведе до несогласување на 27 земји од блокот, пишува Ројтерс.

Некои членки на ЕУ се против ограничувањето, некои сакаат построго ограничување. Некои тврдат дека границата е превисока наспроти сегашната цена од 130 евра.

Плафон цената би се активирала ако предходната месечна цена на гасот на холандската берза за гас  TTF надмине 275 евра/MWh за две недели и ако, во исто време, цените се за 58 евра повисоки од цените на течен природен гас (LNG ) за 10 последователни трговски дена.

Предлогот наиде на потсмев кај поборниците за решителна интервенција на пазарот.

„Тоа е плафон што не би делувал како плафон“, пишува Ројтерс, повикувајќи се на изјавата на неименууван дипломат.

Тие забележаа дека условите за активирање на плафонот цена се толку надуени што дури и не би започнале во август минатата година кога беа рекорднo највисоките цени, што го прави ефективно бескорисен.
Шпанскиот министер за енергетика во средата остро го критикуваше предлогот на ЕУ за ограничување на цената на природниот гас, нарекувајќи го „исмејување“ и вети дека ќе се бори против него.

Цената на холандската берза за гас ТТФ во моментов е 130 евра.

Има дури 15 земји од ЕУ кои бараат пониска граница. Меѓу нив се Белгија, Полска, Италија и Грција кои се заканија дека ќе ги блокираат другите енергетски мерки на маса, доколку пакетот не содржи активен план за спречување на прекумерните скокови на цените.

Од другата страна на масата, сепак, е мал, но моќен табор предводен од најголемата економија во ЕУ, Германија.

Заедно со Холандија, Шведска и Финска, тие тврдат дека ограничувањето ќе ги поттикне трговите да продаваат на друго место и ќе ги намалат стимулациите за намалување на потрошувачката на гас.

Ограничувањето, доколку се усвои, би важело една година од 1 јануари 2023 година.