Европската унија предлага на шест месеци меѓусебно да се суспендираат постојните царини за увоз помеѓу ЕУ и САД. Ова во изјава за германскиот весник Шпигел го потврдува шефот на трговијата на ЕУ, Валдис Домбровскис.

Тоа ќе биде подолго од четиримесечната суспензија, договорена минатиот месец, и ќе испрати сигнал дека Брисел бара компромис во 16-годишниот спор околу субвенциите на авионите.
„Предложивме суспендирање на сите меѓусебни тарифи за шест месеци со цел да се постигне решение во преговорите“, изјави Домбровскис за Шпигел.

„Ова ќе создаде неопходен простор за дишење на индустриите и работниците од двете страни на Атлантикот“, додаде тој.
Во март, двете страни се согласија на четиримесечна суспензија што ги опфаќа сите американски царини за 7,5 милијарди долари вредниот узвоз на стоки од ЕУ и сите давачки на ЕУ за 4 милијарди долари производи, кои произлегоа од долготрајните случаи на Светската трговска организација за субвенциите за Ербас и Боинг.

Домбровскис исто така рече дека ЕУ внимателно ќе ги следи законите на претседателот Џо Бајден за „Купувај американско“ кои предвидуваат американските јавни тендеи да се доделуваат исклучиво на американски фирми.

„Нашата цел е да се заложиме за пазари за набавки што се што е можно поотворени низ целиот свет“, рече тој за „Шпигел“.

Извор: Reuters