Земјите-членки на ЕУ ќе треба да наметнуваат казни за компаниите кои даваат непроверени еколошки тврдења за нивните производи, објави порталот Еурактив.
Предлог-законот треба да биде претставен на Европската комисија во наредните недели, а целта на предлог-законот е да им помогне на потрошувачите да бидат подобро информирани за производите што ги купуваат.
Како што објави Еурактив, во нацртот се наведува дека речиси половина, односно 40% од еколошките тврдења за производите не се поткрепени со факти, така што „потрошувачите немаат веродостојни информации за одржливоста на производите и се соочуваат со погрешни комерцијални практики, како што е недостаток на транспарентност и кредибилитет на еколошките ознаки”.
Компаниите кои даваат „зелени тврдења“ треба да ги поддржат со стандардизирана методологија за проценка на нивното влијание врз животната средина – се наведува во нацртот.
Еурактив објави дека од земјите-членки на ЕУ ќе биде побарано „да воспостават систем за верификација за потврдување на еколошките тврдења“, што ќе го вршат „независни верификатори“.
Дополнително, земјите на ЕУ ќе бидат одговорни да обезбедат дека „тие правила се применуваат“ и да воведат казни кои „треба да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки“, а кои треба да се утврдат врз основа на заеднички критериуми.