Во првите три месеци годинава од Македонија се извезени вина во вредност од 14,6 милиони евра. Тоа за 20% повеќе во споредба со истиот период лани кога извозот изнесувал 13,9 милиони евра. Количински, извозот е зголемен само за 1,4%, што значи дека поголемиот извоз се должи во најголем дел на инфлацијата и повисоките цени.
Ако се анализира по земји, најголем пазар за македонските вина традиционално останува Србија, каде за периодот јануари-мар годинава биле извезени вина во вредност од 5,2 милиони евра. Втор најголем извозен пазар била Германија со извоз од 2 милиони евра, каде вообичаено најголем дел од извозот е наливно вино.
Следат Хрватска со извоз вреден 1,7 милиони евра, БиХ со извоз од 1,1 милион евра, Автсрија со извоз од 695 илјади евра и Словенија со извоз во вредност од 572 илјади евра.
Во првите три месеци македонските вина биле извезени на 36 пазари, од кои на 15 пазари е реализиран извоз поголем од 100 илјади евра.