Компанијата “Адинг” донираше материјали за “Мобилната воена болница”

Комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница“ на Министерството за здравство во вредност од 15.000 евра денеска донираше компанијата АДИНГ.

Од компанијата информираат дека нивни стручен тим е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.

„Известуваме дека на 25 март, АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба“ кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“, се наведува во соопштението на АДИНГ.
Со оваа промена, посочуваат од компанијата, ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на ковид-19.