Илон Маск, извршниот директор на Tesla, има „супер лошо чувство“ за економијата и планира да укине околу 10% од работните места во производителот на електрични автомобили, објавува Ројтерс повикувајќи се на електронска пошта која тој вчера им ја пратил на директорите во компанијата.

Пораката доaѓа два дена откако најбогатиот човек на светот им порача на вработените да се вратат на работното место или да ја напуштат компанијата.

Тесла на крајот на 2021 година имала околу 100.000 вработени.

Во електронската пошта со наслов „Паузирај ги сите вработувања ширум светот“, Маск напишал дека има „супер лошо чувство“ за економијата.

Во вторникот, Маск им порача на вработените да се вратат на работното место или да ја напуштат компанијата, барање што веќе се соочи со отфрлање во Германија каде што компанијата има нова фабрика.

Од сите во Tesla се бара да поминуваат минимум 40 часа неделно во канцеларија“, напиша Маск во тој мејл.
„Ако не се појавиш, ќе претпоставиме дека си поднел оставка.

„Рецесиите имаат функција за витално економско чистење“ смета Маск.
Кон крајот на мај, на прашањето на корисник на Твитер дали економијата се приближува кон рецесија, Маск рече: „Да, но ова е всушност добра работа. Предолго врнеше пари за будали. Треба да се случат некои банкротства“.

>>ПОВРЗАНИ ВЕСТИ <<