Финансиските санкции наметнати на Русија се закануваат постепено да ја намалат доминацијата на американскиот долар и може да резултираат со пофрагментиран меѓународен монетарен систем, изјави за Фајненшл тајмс Гита Гопинат, првиот заменик директор на ММФ.

Русија е погодена со многу санкции од САД и нивните сојузници поради нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Доларот ќе остане главната глобална валута дури и во тој пејзаж, но фрагментацијата на помало ниво е секако сосема можна“, рече Гопинат во интервјуто за весникот, додавајќи дека некои земји веќе преговараат за валутата во која плаќаат во меѓусебната трговија.

Според Гопинат, поголемата употреба на други валути во глобалната трговија ќе доведе до понатамошна диверзификација на резервните средства што ги чуваат националните централни банки.

Таа претходно рече дека санкциите против Русија не го навестуваат падот на доларот како резервна валута и дека војната во Украина ќе го забави глобалниот економски раст, но нема да предизвика глобална рецесија.

Извор: Reuters