Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да има значителни економски последици за регионот и глобалната економија, но засега цените на суровините остануваат под највисоките нивоа од минатата година.
„Потенцијалот за понатамошна ескалација на конфликтот ги зголемува ризиците и неизвесноста и може да има значителни економски последици за регионот и пошироко“, изјави портпаролот на ММФ, Џули Козак.
Според ММФ, премногу е рано да се предвидат конкретни влијанија врз глобалната економија, но истакна дека економиите во регионот веќе претрпеле многу страдања, особено во Газа, каде што цивилното население се соочува со социо-економски услови, хуманитарна криза и недоволна испорака на помош.
ММФ ќе ги ажурира своите економски проекции за сите земји и глобалната економија подоцна во октомври, кога глобалниот заемодавател и Светската банка ќе ги одржат есенските состаноци во Вашингтон.
Главните канали за конфликтот да влијае на глобалната економија се преку повисоките цени на суровините, вклучително нафтата и житарките, како и зголемените трошоци за испорака, бидејќи бродовите избегнуваат потенцијални ракетни напади на јеменските милитанти Хути врз бродови во Црвеното Море, рече Козак.
Но, цените на суровините во моментов се пониски од нивните врвови во изминатата година.