Можност за македонските компании да станат добавувачи на германски производни компании

Делегацијата на германското стопанство во С.Македонија ги поканува металопреработувачките компании од земјава да бидат дел од шестата „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании“.
На овој B2B настан компаниите ќе имаат можност да се сретнат со претставници на врвни германски производни компании кои се заинтересирани за воспоставување деловни контакти со претставниците на компаниите од Западен Балкан, со цел да станете нивни добавувачи на стоки и услуги.

Настанот се одржува на 15 и 16 јуни 2020 година во градот Манхајм, Германија.

Од Делегацијата на германското стопанство ги повикуваат заинтересираните компании од металопреработувачката индустрија да аплицираат за учество на овој B2B настан и да ја испратат својата апликација на следната адреса: abdulai@nordmazedonien.ahk.de.