Менаџерите и директорите на сите компании на Нелт Група се собраа на еднодневна конференција на која беше презентиран статусот на стратешките проекти, беа разгледани досегашните резултати и претставени плановите, една година по лансирањето на бизнис стратегијата „Accelarate 2025“.
Извршниот директор на Нелт Група, Милош Јелиќ, ги потсети присутните на триесетгодишниот развој на Нелт, од мал семеен бизнис до меѓународен организациски систем кој вработува над 5.000 луѓе во Европа и Африка.
„Во претходната година, Нелт Група имаше највисоко ниво на раст на приходите во последните шест години, и со тоа, на најдобар начин покажавме дека почнавме да ја живееме стратегијата Accelerate 2025“, порача Јелиќ.
Извршниот финансиски директор Марко Чилиќ ги презентираше клучните финансиски податоци за дистрибуција, логистика, брендови и холдинг, а Бојана Муциќ ги претстави проектите и плановите на секторот за човечки ресурси.
Потпретседателот на Групата за африканските пазари, Борис Мачак, ги презентираше резултатите од овој домен на бизнисот, како и фокусот на областите за оваа година.
„Ќе се фокусираме на градење на препознатливост на брендот Око, кој беше лансиран минатата година, како и проширување на нови пазари, лансирање на нови low tier брендови и влегување во нови комплементарни категории“, рече Мачак.

Дарко Лукиќ, извршен потпретседател на Нелт Група, се осврна кон целите за 2023 година, како и кон важноста на балансот помеѓу краткорочните резултати и поставувањето здрава основа за долгорочен одржлив успех.
На настанот беа претставени тимовите добитници на наградата Top Accelerator, кои во текот на претходната година водеа проекти кои најмногу придонесоа за забрзување на растот на компанијата.
Крајот на настанот го означи гостинка која беше изненадување, познатата спортистка Ивана Вулета, која со менаџерот за корпоративни комуникации Марко Миланковиќ разговараше за предизвиците во кариерата, мотивацијата и трансформацијата во професионалниот спорт.
Нелт Група е еден од најуспешните деловни системи во регионот Адриа, во областа на логистика и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, тутун, фармацевтски и козметички производи. Како меѓународна групација, вработува 5.000 луѓе во 18 компании, на 12 пазари во Европа и Африка.
Водечката позиција и успесите постигнати во текот на 30-годишниот бизнис се резултат на постојано вложување во едукација и развој на вработените, иновации и примена на нови технологии, а инклузивната и отворена корпоративна култура е заштитен знак на компанијата.