Индексот за извозни очекувања Ifo падна на минус 5,6 поени во јуни од плус 1,0 поени во мај

Очекувањата на германската извозна индустрија значително се влошија во јуни, покажа истражувањето на Институтот Ifo во вторникот.

Индексот на извозни очекувања Ifo падна на минус 5,6 поени во јуни од плус 1,0 поени во мај, паѓајќи на најниското ниво од ноември 2022 година.

„Покрај слабата побарувачка на германскиот домашен пазар, сега гледаме и помалку нарачки од странство“, вели Клаус Вохрабе, раководител на истражувања во Ifo.
„Ова е лоша вест за извозната економија на Германија“.

Поголемиот дел од секторите предвидуваат пад на извозот во следните три месеци, се вели во извештајот на Ifo.
Само производителите на облека и индустријата за пијалаци предвидуваат значителен раст.

Не се само извозните очекувања што се заматија во јуни. Германскиот деловен морал се влоши втор последователен месец, покажа во понеделникот индексот на деловната клима на Ifo, што покажува дека најголемата европска економија се соочува со тешка битка за да се ослободи од рецесијата.
Негативниот тренд во индустријата се прелеа и во услужниот сектор преку компаниите за логистички и транспортни услуги, а придушено е расположението во трговијата и градежниот сектор, покажа истражувањето.

Германија е најголем извозен пазар за македонската економија, каде се пласира над 45% од вкупниот извоз на земјата, главно делови за автомобилската индустрија.

Германија во првите три месеци годинава ги почна со техничка рецесија, заради слабата потрошувачка на домашниот пазар.