Покрај загриженоста за економијата и тековните геополитички прашања, 2023 година ќе донесе и предизвици за управувањето со логистиката и операциите во синџирите на снабдување.
Во прилог се пет трендови кои ќе влијаат врз логистиката во 2023 година:
- Дигитализација, податоци и видливост: Тековната промена од рачни кон дигитални методи во процесите на синџирот на снабдување ќе продолжи. Потенцијалните придобивки од правењето на оваа промена вклучуваат зголемен пристап и увид во податоци, што може да доведе до подобро донесување одлуки и зголемена видливост на синџирот на снабдување.
- Reshoring и Nearshoring: Бидејќи односите меѓу САД и Кина продолжуваат да се влошуваат, производителите ги преиспитуваат производствените стратегии. На почетокот на пандемијата, 64% од северноамериканските производители кои одговорија на индустриското истражување Thomas Industrial Survey изјавиле дека најверојатно ќе го вратат производството и изворите на снабдување назад во Америка. Како што се зголемуваат трошоците за испорака од Кина, овој тренд треба да продолжи и во 2023 година.
- Зголемување на цените на дизелот: Цените на дизел горивата се зголемија за 55% во првата половина на 2022 година. Војната во Украина и имплементацијата на регулативите на Меѓународната поморска организација од 2020 година го поттикнаа овој раст, но на хоризонтот нема олеснување. Се очекува зголемувањето на цените на дизелот да продолжи и во 2023 година.
- Одржлива регулатива за превозот и животната средина: Водени од новите регулативи и барањата на потрошувачите, логистичките компании се соочуваат со значителен притисок да создадат одржливи деловни практики. Со оглед на тоа, компаниите се под се поголем притисок за обелоденувања поврзани со климатските промени.Овој тренд се очекува да продолжи во 2023 година и понатаму.
- Автоматизација: Транспортот и складирањето често се наведуваат како два сектори со огромен потенцијал да имаат корист од автоматизацијата. Ветувањето за вештачка интелигенција, машинско учење и поврзаните мрежи на интернет на нештата, на пример, ветуваат дека ќе ја оптимизираат логистиката. Компаниите ќе продолжат да ги испитуваат овие процеси и во 2023 година.