Металургиската компанија Либерти, или поранешен Арелор Митал ЦРМ, објави дека во првите во првата половина годинава остварила приходи од продажба од 76 милиони евра, кои се за 6% помали во споредба со истиот период лани.
Околу 82% од вкупните приходи на Либерти се остварени од извоз, кој во овој период достигнал 62 милиони евра и е за 6% помал во споредба со лани, покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонската берза.

Компанијата објави дека во првите девет месеци се вратила на профитабилно работење и остварила нето добивка од 111 илјади евра, што е големо подобрување во однос на загубата од 4,9милиони евра во првите девет месеци од изминатата 2019 година.

Компанијата Либерти или поранешниот Арчелор Митал (ЦРМ) е 9-ти најголем извозник од земјава, која лани имала извоз од 87 милиони евра.

Извештајот покажува дека компанијата Либерти бележи намалување на оперативните расходи за 12%, кое се должи пред се на постигнатата пониска цена на набавка на суровините и материјалите.

Од компанијата информираат дека пандемијата со Ковид 19 ги намалила нарачките и производството особено во вториот квартал годинава, но во јуни веќе почнале работите да се стабилизираат. Од Либерти потенцираат дека прв приоритет во овој период е безбедност и здравје на вработените како и животната средина, но дека и понатаму ќе продолжат да растат и на други пазари и да развиваат нови производи со цел да одговорат на потребите и барањата на потрошувачите.

Во Либерти Скопје се обидуваме да произведуваме сè додека клиентите можат да ги добиваат нашите производи, да се надеваме дека намалувањето ќе заврши наскоро. Но, сепак, велат дека пазарот е нарушен и очигледно ќе треба време да се опорави.

Компанијата Либерти или поранешен Арчелор Митал, од септември минатата година стана дел од британската ГФГ Алијанска, која минатата година изврши преземање на 5 индустриски капацитети од Арчелор Митал во Европа, со вкупна вредност од 740 милиони долари.
Со тоа практично ГФГ Алијансата стана еден од 10-те најголеми производители на метални производи во светот со вкупно производство од над 18 милиони тони на годишно ниво.

Liberty House Group (Либерти Хаус Груп) е меѓународна групација со седиште во Велика Британија, специјализирана за производство на челик и алуминиум, како и за важни трговски операции со суровини и рециклирање на метал. Либерти Хаус има свои капацитети не само во Велика Британија туку и во САД и Австралија како и во многу други земји.