Продажбата на нови автомобили во Германија бележи пад од 51,5% во мај во однос на истиот месец лани.
Автомобилската индустрија се бори да ја преживее кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона, но се чини дека закрепнувањето ќе биде многу бавно.
Примерот на Германија, која се смета за најсилен европски пазар на автомобили, но и земја со најсилна автомобилска индустрија, покажува колку оваа гранка на индустријата е во длабока криза.
Иако изложбените салони беа отворени во Германија на 20 април, клиентите не покажаа голем интерес. Во мај се продадени 150.597 нови автомобили, што претставува пад од 51,5% во однос на мај 2019 година.
Сепак, падот е малку помал во првите пет месеци од 2020 година, благодарение на солидниот почеток на годината пред избувнувањето на пандемијата и изнесува -35,6% (испорачани 912.463 возила).
Најголем пад на продажбата во Германија во мај забележаа БМВ и СЕАТ (над 60%).