Додека трговијата на светско ниво бележи пад заради пандемијата со Ковид 19, бројот на товарни возови на релација Кина-Европа руши рекорди.
Броjoт на товарните возови кои се обраќале на реалацијата помеѓу Кина и Европа во првите шест месеци годинава изнесувал 5.122, што е зголемување за 36% на годишно ниво, покажуваат податоците на државната кинеска железница China State Railway Group.
Бројот на товарните возови достигнал рекорден месечен максимум од 1.169 возови во текот на јуни.
Во текот на првата половина годинава сеа транспортирани 27. 000 тони стоки до европските земји , што е пораст од 41% на годишна база. Најголем дел од стоките кои биле превезувани отпаѓа на медицински материјал и заштитна опрема.
Според кинеските железници, товарните возови се претворија во основна „спасувачка линија за транспортирање на товари“ и „врска на солидарност“ во борбата против Ковид 19.
„Редовното движење на товарните возови меѓу Кина и Европа го помогна трансграничниот проток на стоки, возобновувањето на производствата, и намалување на дејството на пандемијата врз снабдувачките и индустриските синџири на снабдување.”