Руската економија ќе има 15% пад во 2022 година заради острите санкции воведени заради нејзината воена инвазија во Украина.
Анализата на Институтот за Меѓународни финансии (IIF) ги намали проценките за раст на БДП на Русија во 2022 година за 18 процентни поени, од претходната проценка за раст од 3%. “Понатамошна ескалација на војната може да донесе бојкот на руската енергија, што драстично ќе ја намали способноста на Русија да извезува стоки и услуги и продлабочување на рецесијата”, се вели во анализата на IIF.

Очекувањата се дека економската контракција ќе биде двојно поостра од руската рецесија за време на светската финансиска криза во 2008 година.

Сепак, се вели во анализата, со оглед на релативно малата економија на Русија и нејзините сопствени потези да се изолира од глобалните финансиски пазари, IIF не очекува ширококо пренесување врз пазарите во развој.
„Наместо тоа, мислиме дека Источна и Западна Европа ќе бидат погодени преку нивната извозна изложеност во Русија, нешто што пазарите само што почнуваат да го оценуваат”.

Латинска Америка би излегла во главно непогодена, додека ефектите врз Африка и делови од Азија, вклучително и Кина, би биле умерени. Директното влијание варира во зависност од изложеноста на секоја земја на цените на стоките или како увозник или извозник.

„Негативните прелевања би требало да ја погодат претежно Источна Европа преку трговијата и увозниците на стоки преку повисоките цени на нафтата и пченицата, со Турција и Египет во фокусот.

Извор: Reuters