Најголемата прехранбена компанија во светот ги намали прогнозите за профит и приходи за годинава како последица на пониските од очекуваните продажби, главно поради помалата побарувачка на потрошувачите.
По слабите резултати во третиот квартал, Нестле ги намали проценките за раст на продажбите з ацелата година на 2%, во споредба со претходната прогноза од најмалку 3% и предупреди на слабата побарувачка на потрошувачите. Растот од 2% би бил најниската годишна стапка на раст на продажбите на Нестле барем од почетокот на векот.
Резултатите ги рефлектираат тешкотиите со кои се соочува прехранбената индустрија и индустријата на пакувана храна во последниве години, бидејќи секторот продолжува да се бори со зголемените трошоци за суровини, транспортот и енергетските предизвици поради Ковид 19 пандемијата и војната во Украина.
„Побарувачката на потрошувачите е ослабена во последниве месеци и очекуваме дека амбиентот за побарувачката да остане слаб“, велат од Nestle.
Компаниите за храна и пијалаци се повеќе се соочуваат со намалени продажби бидејќи потрошувачите кои се со ограничени пари стануваат се почувстителни на високите цени и ги намалуваат трошењата.