Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во првите три месеци од годината, бидејќи земјата излезе од строгите ограничувања за Ковид.

Во споредба со истиот период лани, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 4,5%, покажуваат официјалните податоци.

Економската активност беше поттикната од зголемувањето на потрошувачката на домаќинствата и растот на фабричката активност.

На квартално ниво кинеската економија забележа раст од 2,2 отсто во првите три месеци, пренесува агенцијата Синхуа.

Пекинг вети дека ќе ја зајакне втората по големина економија во светот кога ги укина мерките против коронавирусот во декември.

Исто така во вторникот, посебните податоци за март покажаа дека продажбата на мало, клучен показател за трошењето на домаќинствата, скокна за 10,6% во однос на претходната година.
Во исто време, производството од фабриките во земјата се зголеми за 3,9%.

Кинескиот БДП во 2022 година забележа раст од 3%.