Глобална трговија СТО

Уделот на глобалната трговија што се врши според условите на СТО падна на 72% и би можел да падне уште повеќе, во услови на најголемо нарушување на меѓународниот трговски систем во последните 80 години, изјави Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација во интервју за Ројтерс.

Доживуваме најголемо нарушување на правилата за глобална трговија, невидено во последните 80 години. Затоа не е изненадувачки што некои би го довеле во прашање глобалниот трговски систем… и предвидливоста“, рече Ивеала, посочувајќи дека сепак има знаци на отпорност.

Од воведувањето на царините на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, уделот на глобалната трговија што се врши според условите за најповластена нација (MFN) на СТО е намален од околу 80%, покажуваат податоците на СТО.
Принципот бара од членовите на СТО да се однесуваат исто кон сите други.