Трамп од Давос се закани со 25% царини за узвоз на европските автомобили во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп од Давос се закани со високи царини за увозот на автомобили од Европската унија во САД, ако Брисел наскоро не се согласи на склучување на трговски договор за кои двете земји преговараат.

„Тие мора да бидат релативно брзи“, рече Трамп на прес-конференција пред неговото заминување од Давос, Швајцарија, каде присуствуваше на Светскиот економски форум (WEF).
Земјите на ЕУ извезуваат значително повеќе во САД отколку што увезуваат, посочи Трамп. „Тие се всушност потешки од Кина“, додаде американскиот претседател. „Слушајте, ако не добиеме нешто, ќе мора да сториме нешто и тоа ќе бидат многу високи царини за автомобилите и другите производи што доаѓаат во нашата земја“, рече Трамп.

Сепак, тој додаде дека верува оти на крај ЕУ ќе се согласи на договорот. „Тие ќе постигнат договор затоа што мораат“.

Трамп наговести дека царините за увоз на автомобили од ЕУ во САД би можеле да бидат 25%.

САД и ЕУ се големи трговски партнери, што ја покажува и вредноста на нивната меѓусебна трговија која во 2018 година изнесуваше 1,3 милијарди долари. Трговските преговори меѓу двете страни ќе бидат тешки бидејќи Брисел сака да го исклучи земјоделскиот сектор од договорот, додека Вашингтон сака да го заштити пазарот за јавни набавки.