Новата иницијатива имплементирана од ЛинкАкрос и кофинансирана од УСАИД, регионалниот проект за економски развој, управување и развој на претпријатија е фокусирана на поттик на економскиот раст во Северна Македонија и Албанија. Оваа иницијатива, наречена ГроуБиз (GrowBiz) е особено навремена со оглед на економското влијание на Ковид-19 пандемијата.
ГроуБиз има за цел да помогне во растот и зглемената продажба во областите туризам, земјоделие и производство. ГроуБиз ќе овозможи интегриран и прилагоден пристап кој започнува со обуки и резултати во креирање и рафинирање на прилагоден план за раст, со помош на извршни бизнис експерти во коучинг и регионални индустриски експерти.
Македонските бизниси ќе имаат бенефит од преку 22 часови на обука за стратегиски менаџмент, истражување на пазарот, дигитален маркетинг, брендирање, задоволство на потрошувачите и вработените, одржливост на животната средина и социјална одговорност. Овие обуки ќе бидат дополнети со преку 20 часови -еден на еден- коучинг и консултациски сесии со искусни деловни луѓе од САД и од нашиот регион, со цел креирање и почеток на имплементирање на план за бизнис раст.
Дополнително учесниците ќе имаат бенефит од понатамошни 8 часови на изборни обуки фокусирани на специфични теми од земјоделието, туризмот или секторот на лесно производство, како и адаптирана ревизија на дигиталниот маркетинг, и изработка на промотивно видео.
ГроуБиз е отворена за мали и средни компании регистрирани во Северна Македонија или Албанија, во следните сектори: земјоделство и обработка на земјоделски производи, еко/авантура/рурален туризам, производство на текстил и облека и производство и обработка на дрво.
За повеќе информации и регистрирање на овој уникатен и иновативен програм посетете ја фејсбук страницата https://www.facebook.com/linkacross. Рокот за аплицирање е 9 октомви 2020, и бројот на учесници е ограничен.