Компанијата Факом, која се занимава со производство на разни видови на челични конструкции, во првите три месеци работела со вкупни приходи од 5,7 милиони евра, што е раст од од 57% во споредба со истиот период лани, покажуваат неревидираните финансиски извептаи на компанијата објавени на Македонската берза.
Околу 75% од приходите на Факом во првото тромесечие или 4,3 милиони еврз се од извоз на странски пазари и тие се поголеми за 64%.
Од продажби на домашниот пазар Факом во првото тромесечие годинава остварил приходи од 1,4 милиони евра и тие се поголеми за 35% во споредба со истиот период лани.
Нето добивката на Факом за првите тримесеци изнесува 50 илјади евра, што е ноколкукратно повеќе во споредба со истиот период минатата година кога компанијата работела со нето добивка од само 6.500 евра.
Од Факом очекуваат светската пандемија со Ковид-19 да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија која е од отворен тип, како и врз металната индустрија.
“Последиците од кризата од Ковид-19, директно влијае на оперативното и производното работење на нашата компанија како и врз продуктивноста, ликвидноста, наплатата на побарувањата и сл”, велат од Факом.
Во однос на стратегиските промени, од Факом велат дека се држат до иницијалните планови, но размислуваат и за стратегиски промени во обемот на работа доколку дојде до продолжување на кризата.
“Главно се практикуваат мерките за заштита, прилагодување и подобрување на санитарно техничките услови за работењето, бидејќи доколку би застанал производствениот процес ќе се јави проблем за рестартирање на истиот. Како резултат на кризата, Факом размислува да превземе некои финансиски мерки како на пример: воведување на рестрикции на трошоците, промена или целосно одлагање на планираните инвестиции, репрограмирање на заемите за одржување на ликвидноста, а во однос на човечките ресурси ситуацијата не е променета, освен нормалната флуктуација на кадри и сл.”, велат од Факом.
Факом е меѓу 100-те најголеми извозници во Македонија, а минатата 2019 година компанијата остварила извоз од 12,9 милиони евра.
Основна дејност на Факом е производство на сите видови челични конструкции за потребите на јавниот сектор и индустријата, базирано во