Јуни носи неколку изненадувања за транспортот со контејнери, при што побарувачката продолжува со својата неумолива надолна корекција.
Во својот најнов извештај XSI, индексот на цени на Xeneta е намален за 42% на годишно ниво, при што мај означува деветти последователен месец на пад на цените на контејнерскиот транспорт.
И долгорочните цени паднаа за 27,5% само минатиот месец – што го поттикна извршниот директор на Xeneta, Патрик Берглунд да каже дека „колапс“ е единствениот соодветен описен збор.
„Ова е најголемиот пад што некогаш сме го доживеале на XSI, кој го прикажува развојот на глобалните цени во реално време и дава мрачна слика за состојбата на индустријата“, рече тој.
„Главниот двигател е фактот дека мај ја означува точката кога 12-месечните договори во САД се склучуваат и новите договори стапуваат на сила. Овие ја рефлектираат реалноста на денешните потиснати пазари, па се со многу, многу пониски цени од нивните претходници.
Компанијата CMA CGM објави пад од 64% на заработката пред оданочување и даде застрашувачко предупредување дека првиот квартал би можел да биде најдобар.
„Нормализацијата“ на застојот на пристаништата е една од причините за намалувањето на цените. о, влијание има и руско-украинската војна.
Alphaliner исто така пишува за мрачни вести, со континуирани намалени цени и волумени на многу клучни рути. Превозниците, еден по друг, најавуваат брзо влошување на финансиските резултати.
„Финансиските изгледи за остатокот од годината остануваат генерално многу неизвесни за повеќето превозници“, пишува Alphaliner.