Зголемувањето на цените на храната во Франција веројатно значително ќе се олесни од јануари благодарение на преговорите меѓу трговците и производителите, но периодот на стабилни цени заврши, предупреди шефот на францускиот трговски синџир Carrefour (Карфур), Александре Бомпар.
Минатата недела Бомпар предупреди дека Французите значително го намалиле купувањето на основните потреби поради високите цени.

Трговците и производителите во Франција си ја префрлаат вината еден на друг, а владата потсетува дека цените на бројните суровини паднаа во изминатите месеци.

Шефот на Carrefour предупредува дека поради климатските и геополитичките фактори, цените на храната ќе продолжат да растат посилно во наредните години отколку во изминатите децении, кога нивниот раст се движеше меѓу нула и еден процент.

-“Мислам дека заврши периодот на стабилни цени на храната”, рече тој.