Jасно прецизирање дека нема да има зголемување на даноците, јасно прецизирање на улогата на приватниот сектор во целиот план и форсирање на петте клучни приоритети на приватниот сектор, како што се: енергичната борба против сивата економија и корупцијата, забрзувањето на процесот на гасификација, поддршката на извозните компании, средување на состојбите во јавната администрација итн. Ова се клучните фактори од кои ќе зависи успешната имплементација на Планот за забрзан економски раст кој министерот за финансии Фартмир Бесими вчера го презентираше пред бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Од Стопанската комора на Северна Македонија информираат дека клучни компоненти во Планот за економски раст се зголемени инвестиции од четири милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до 5 % и обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60% од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на 3%.
Министерот Бесими, како што се наведува, кажа дека е ова оквирен план што ќе ги обедини сите механизми и алатки за поддршка на инвестициските активности на државата на едно место и произлегува од сумираните извештаи на годишната конференција „Скопје економски финансиски форум 2021“, кој од идната година ќе се организира заедно со бизнис секторот.
Во дискусијата учествуваа поголем број македонски бизнисмени подржувајќи ги контурите на планот и укажаа на повеќе сегменти, кои се исклучително важни при неговото конципирање. Однапред дефинирани критериуми, соодветна законска регулатива, форсирање на обновливите извори на енергија, погрешните субвенции во агросекторот, исклучително лошата состојба во градежништвото, состојбата со пазарот на работна сила, детални анализи за гранките што можат да испорачаат додадена вредност, се само дел од забелешките и мислењата кои ги истакнаа бизнисмените.
Во продолжение можете да ги проследите видео изјавите од бизнисмените кои присуствуваа на средбата и минсистерот за финансии Фатмир Бесими:
Изјава од министерот Фатмир БесимиКочо Анѓушев БракоАндреа Јосифовски МакпетролИлија Гечев ИГМ ТрадеСветозар Јаневски М6Анатол Кутревски ПекабескоЗоран Јовановски Стопанска комора на Северна Македонија.
Извор: Стопанска комора на Северна Македонија, www.mchamber.com