Министрите за земјоделство и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, денеска во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи”.
Настанот во Букурешт, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија и ќе траедо 18 јуни.
Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе ги презентираат своите брендови и кои ќе бидат наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата.
Што извезуваме најмногу во Романија?
Романија е седми најголем пазар за извоз на македонската храна и прехранабени производи, каде минатата 2020 година е остварен извоз од 18 милиони евра.
Најголем дел од извозот на храна на романскиот пазар отпаѓа на кондиторски производи, чиј извоз лани надмина 8,5 милиони евра. Околу 4,1 милиони евра вреден извоз е остварен со продажба на зеленчук, најмногу зелка, додека извозот на зеленчукизнесувал 4 милиони евра, пришто најизвезувано овошје биле јаболката.