Владата на денешната 102 седница ја усвои информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти „КИЕЛ Македонија“ ДООЕЛ – Желино и донесе одлуката за давање согласност за договорот.
“Согласно деловниот план којшто се однесува на реализација на инвестициски проект во ТИРЗ Тетово за производство на седишта за автобуси и возови, како што информираше Министерството за економија, друштвото се обврзува да инвестира износ од 9.291.750 евра во денарска противредност, пришто ќе вработи најмалку 150 нови вработени, до датумот на завршување на инвестицискиот проект (31 декември 2025 година)”, соопштуваат од Владата.
Компанијата Киел во март годинава започна со изградба на новиот производен капацитет во индустриската зона во Тетово, кога беше најавено дека производството во фабриката ќе почне до крајот на 2022 година.
Компанијата Киел Македонија е меѓу најголемите 100 извозници од земјава и во најновата едиција ТОП 100 Извозници е рангирана на 27 место со извоз од 24,4 милиони евра.
Киел Македонија е дел од меѓународната Киел групација, водечки производител на иновативни транзитни патнички седишта за комерцијални возила и јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси, тренери и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво. Кил работи глобално со производствени погони во САД, Германија, Полска, Холандија и во Турција.
Компанијата Franz Kiel е основана во 1947 година со седиште во германскиот град Нордлинген.