Најуспешната македонска компанија Алкалоид го го најави проширувањето на портфолиото на лекови на пазарите во Шведска и Норвешка.

Регулаторните агенции во двете земји доделија одобрение за ставање во промет на антибиотската суспензија што содржи цефиксим како активна состојка, произведена од Алкалоид АД Скопје“, информираат од Алкалоид.

Ова го означува воведувањето на првиот регистриран цефалоспорински антибиотик од трета генерација за орална употреба на овие пазари.

Со континуирана поддршка од нашите ценети партнери, Алкалоид останува посветен на подобрување на глобалниот пристап до нашите производи и обезбедување педијатриски пациенти ширум светот да имаат корист од нашите висококвалитетни производи“, велат од компанијата.

Алкалоид во изминатиот период отвори повеќе нови извозни пазари, како дел од нивниот стратешки развој за глобализација на брендот и диверзификација на извозните пазари.

Речиси 70% од производството на Алкалоид се продава и извезува на над 50 извозни пазари низ целиот свет. Минатата 2024 година компанијата ја заврши со извоз од рекордни 210,5 милиони евра.