Во текот на 2024 година, Македонија извезла електрична енергија во вредност од 185,4 милиони евра, што претставува намалување од 21,3% во споредба со 2023 година, кога извозот изнесувал 235,5 милиони евра.
Најголем извоз на електрична енергија лани е остварен кон Бугарија — 56 милиони евра, кој е трикратно зголемен во споредба со претходната година. Потоа следуваат Србија со извоз од 43 милиони евра, Грција со 38 милиони евра, Косово со 23 милиони евра и Швајцарија со 13,4 милиони евра.
Во истата година, Македонија увезла електрична енергија во вредност од 260 милиони евра, што е зголемување од 21,5% во споредба со 2023 година, кога увозот изнесувал 214 милиони евра.
Најголемиот увоз на електрична енергија е реализиран од Бугарија — 120 милиони евра. Следуваат Србија со 52 милиони евра, Грција со 29,4 милиони евра, Унгарија со 22,4 милиони евра, Косово со 15,4 милиони евра и Швајцарија со 10 милиони евра.