Македонската компанија Алкалоид доби признание за големата посветеноста на одржливоста и усогласувањето со ESG критериумите во своето работење добивајќи бронзен медал EcoVadis, глобално реномираната платформа за проценка на одржливоста.
Наградата претставува значаен скок и подобрување на рангирањето од 2024 кога Алкалоид имаше оценка „Посветеност, што укажуваше на раната фаза на усогласување со ESG (еколошки, социјални, управувачки) критериуми според ригорозниот процес на евалуација на Eco Vadis.
Со признанието за бронзен медал, Алкалоид сега е рангиран меѓу првите 35% од сите компании ширум светот оценети од платформата Eco Vadis, која спроведе над 130.000 евалуации на глобално ниво, вклучувајќи и проценки на неколку македонски бизниси.
Со обезбедувањето на оваа повисока оценка, Алкалоид ја надминува просечната македонска компанија на скалата EcoVadis – од кои повеќето сè уште ги поставуваат темелите за сеопфатни ESG стратегии.
Бронзениот медал ја позиционира компанијата меѓу најдобрите во земјата поради нејзината извонредна транспарентност, систематски пристап и доследна примена на одржливи практики во текот на нејзиното работење.
Оценката на EcoVadis опфаќа четири клучни области: животна средина, работнички и човекови права, етичко деловно однесување и одржливи набавки. Таа се базира на сеопфатна евалуација на политиките, практиките и перформансите на компанијата во овие домени.
Успехот на Алкалоид во оваа евалуација ја нагласува неговата стратешка посветеност на глобалните стандарди за одржливост и ја зајакнува неговата поширока посветеност на општествено одговорно ангажирање на заедницата. Ова признание не само што го зацврстува статусот на Алкалоид како национален лидер во одржливоста, туку и го зголемува неговиот кредибилитет меѓу меѓународните партнери и засегнати страни.