Иако DSV објави отпуштања од 6-8% од својата работна сила по аквизицијата на Schenker, проценките се дека бројката ќе биде поголема.

Само неколку месеци по здружувањето на силите со Schenker, извршниот директор на DSV Јенс Лунд посочи дека логистичкиот гигант планира да елиминира 6-8% од вработените, или приближно 13.000 работни места.

Лунд наводно го изнел тврдењето за време на годишниот состанок на Данската стопанска комора.

Во април годинава, DSV ја заврши аквизицијата на Schenker од Deutsche Bahn за околу 14,3 милијарди евра.

Со спојувањето, DSV ги престигна конкурентите Kuehne+Nagel и DHL и стана најголем играч на светскиот логистички пазар.

И двете компании, DSV и Schenker се присутни на македонскиот пазар и се меѓу најголемите играчи на логистичкиот пазар.