Еден од најголемите производители на автомобили Stellantis објави дека привремено ќе го запре производството во некои од своите фабрики во Европа поради намалена побарувачка за автомобили.
Компанијата ќе го запре производството на одредени модели на возила во повеќе фабрики кои се наоѓаат во Италија, Франција, Германија, Полска и Шпанија.
Stellantis „го прилагодува ритамот на производство во некои од своите фабрики во Европа“, се вели во соопштението на компанијата. „Целта е да го прилагоди темпото на производство на предизвикувачкиот пазар во Европа, а воедно да управува со залихите што е можно поефикасно пред крајот на годината“.
Како и неговите конкуренти, „Стелантис“ се справува со вишок капацитет во Европа, каде што кинеските производители предводени од BYD Co. се шират со автомобили со конкурентни цени.
Групацијата, која поседува брендови како Jeep и Dodge, исто така мора да го запре падот на продажбата на клучниот американски пазар, каде што царините на претседателот Доналд Трамп ги зголемуваат трошоците и ги нарушуваат синџирите на снабдување.