Во текот на октомрви 2025 година од Македонија биле извезени стоки во вредност од 727 милиони евра, што е раст од 3,45% во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Увозот во октомрви 2025 година изнесувал 1 милијарда евра, раст од 8,3% во споредба со октомври 2024 година.
За периодот јануари-октомври 2025 година вкупниот извоз изнесувал 6,7 милијарди евра, што е раст од 2,17% во однос на истиот период лани.
Увозот за периодот јануари-октомври 2025 година надмина 9,5 милијарди евра, раст од 4,06% во споредба со истиот период лани.
Заради побрзиот раст на увозот од извозот, покриеноста на увозот со извозот во октомрви изнесуваше 68, 2%, додека трговскиот дефицит достигна 338 илјади евра, раст од 21% во споредба со истиот месец лани.
Кои се најголемите извозни пазари во октомври?
Извозот во Германија, најголемиот извозен пазар на Македонија, во октомрви изнесувал 268 милиони евра, намалување за 7% во споредба со октомври 2024 година. Економското забавување на германската економија е причината заради коија учеството на извозот во Германија во вкупниот македонски извоз во октомрви изнесуваше ниски 38%, што е намалување од претходните неколку години кога тој изнесуваше над 48%.
Покрај Германија, најголеми извозни пазари во октомври годинава биле и Србија со извоз од 43,7 милиони евра (-6,1%), Бугарија со извоз од 42,5 милиони евра (-8,4%), Полска со извоз од 34,4 милиони евра (+273%), Косово 33,7 милиони евра (+6,2), Унгарија 31,5 милиони евра (+21,2 %), Чешка со 28,7 милиони евра (+5,8%), Италија 20,9 милиони евра (+1,5%), САД 19,7 со извоз од милиони евра (+32,7%) и Словачка со извоз од 19,7 милиони евра (+8,8%).



























