Винарницата “Тиквеш” објави дека изминатата 2025 година ја завршила со вкупни приходи од продажба од 59,6 милиони евра, што претставува умерен раст од 2% во споредба со претходната 2024 година.
Близу две третини (58,6%) од продажбите на “Тиквеш” минатата година биле на странски пазари, од што се остварени приходи од 35 милиони евра – раст од 7% во споредба со претходната година. Притоа, приходите од продажба на вино во регионот бележат раст од 6%, а на останатите извозни пазари растот изнесува 31,8%.
Продажбите на “Тиквеш” на домашниот пазар лани се намалени за 4,3% и изнесувале 24,6 милиони евра.
Со подобра контрола на производствените и оперативните трошоци и со подобрена продажна структура, винарницата “Тиквеш” лани остварила оперативна добивка од околу 8 милиони евра, раст од 41% во споредба со 2024 година.
Освен финансиските расходи, сите останати категории на трошоци бележат намалување.
Нето-добивката на “Тиквеш” по оданочување лани изнесувала 5,88 милиони евра и е зголемена за 31,1% во споредба со 2024 година.
Од компанијата информираат дека во 2025 година оствариле вложувања во придружни друштва од 13,4 милиони евра и вложувања во материјални и нематеријални средства од 33,4 милиони денари, поради што обврските по основ на долгорочни кредити се зголемиле за 76% во однос на 2024 година.
Во 2026 година “Тиквеш” планира раст на продажбите од 4,9% во однос на 2025 година
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Министерот Муцунски од Париз: Активна поддршка за извозот на македонското вино на европските и светските пазари
Потрошувачката на вино во ЕУ ќе продолжи да се намалува
Извоз на вино од 40 милиони евра за осум месеци, најмногу во регионот


























