Грција ќе субвенцинира гориво и вештачки ѓубрива со 300 милиони евра

23

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави четири наменски целни субвенции во вкупен износ од 300 милиони евра за гориво и ѓубрива за справување со последиците од војната на Блискиот Исток.
Соочена со меѓународна економска нестабилност, грчката влада ќе воведе програма за субвенции за април и мај за автомобилски и поморски горива, дизел и ѓубрива”, објасни Мицотакис во телевизиското обраќање.

Објавувам сет од четири целни мерки… Поддршката што тие ја опфаќаат е насочена кон речиси целото население“, изјави Киријакос Мицотакис. Грција на тој начин ќе имплементира „дигитална картичка за гориво“ што може да се користи на бензински пумпи, во јавен превоз и во такси.
Просечниот износ (на оваа поддршка) се проценува на 36 центи по литар“ бензин, прецизираше премиерот. „За да се олесни товарот врз земјоделците кои се соочуваат со нагло зголемување на цените на ѓубривата“, Атина, исто така, ќе ги субвенционира нивните сметки за ѓубрива за 15%”, најави тој.

Двете други целни мерки се однесуваат на патничкиот поморски транспорт, важен сектор во Грција поради неговата географија, и дизел возилата. „Нашата цел е да ги одржиме цените на билетите за ферибот блиску до минатогодишните нивоа“, изјави Киријакос Мицотакис, како што се приближува почетокот на туристичката сезона.
Во врска со дизелот, „државата ќе го субвенционира, во рамките на дистрибутивната мрежа, за 16 центи по литар“, рече тој. Премиерот, исто така, увери дека „се одржуваат резерви во случај глобалната економска состојба значително да се влоши… бидејќи никој не знае колку долго ќе трае оваа војна“.

Тој веќе на 11 март објави воведување ограничување на профитните маржи на цените на горивата за да се спречат шпекулациите.

Шпанија, од своја страна, во петокот објави серија од 80 мерки во вкупен износ од 5 милијарди евра за борба против ефектите од војната на Блискиот Исток.
Порастот на цените на нафтата од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток ги зголемија стравувања од обнова на инфлацијата и забавување на глобалната економска активност.

Извор: Ekathimerini

ПОВРЗАНИ НАПИСИ: